4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот „потона“ до нивото од пред 30 месеци

Биткоинот „потона“ до нивото од пред 30 месеци

Најпопуларната криптовалута во светот, биткоин, забележа пад од 7 отсто на 7,515.11 долари денеска, објави „Блумберг“. Загриженоста за зголемувањето на прописите, па дури и забраната за тргување на одделни пазари, продолжуваат да ги намалуваат цените на криптовалутите.

Само во текот на последните 24 часа од пазарната капитализација на сите криптовалути беа избришани над 60 милијарди долари според пресметките на „CNBC“.

Цената на биткоинот на платформата „BitTampps“ базирана во Луксембург се намали за повеќе од 50% од својот максимум од 20.000 долари, кој беше постигнат во средината на декември минатата година. Минатата недела биткоинот дури ја претрпе својата најлоша недела од 2013-та година.

Намалувањата на цените во првиот ден од неделата беа забележани и кај другите криптовалути. „Етерот“ падна за 8,34%, а „рипле“ за 8,44%. Така, според „CoinDesk“, пазарната капитализација на сите криптовалути падна на 365,27 милијарди долари, што значи дека 67,7 милијарди на пазарот беа избришани во изминатиот ден.

Во меѓувреме, британската банка „Lloyds Banking Group“ во неделата рече дека воведува забрана на своите клиенти да купуваат биткоини со своите кредитни картички. Така, финансиската институција се придружи на американските банкарски гиганти „JPMorgan Chase“ и „Citigroup“, која исто така воведе слични ограничувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП