18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДругиот аспект на грчката криза – имотите паднаа за 30% за 10...

Другиот аспект на грчката криза – имотите паднаа за 30% за 10 години

Вредноста на имотот во Грција опадна за 30% во последните десет години во услови на финансиска криза во земјата.

Во 2008-ма година, вкупната вредност на имотите кај нашиот јужен сосед беше речиси 1,000 милијарди евра, сега се проценува на 700 милијарди евра, според онлајн изданието „Greekreporter“.

Се проценува дека од почетокот на кризата, колективното богатство на Грците е намалено за речиси 600 милијарди долари (747 милијарди долари). 8-годишната рецесија во Грција доведе до намалување на приходите на граѓаните на земјата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за носителите на грчката државна обврзница.

„Greekreporter“ ги анализира ефектите од финансиската криза во три области – депозити, државни обврзници и вредност на имотот. Слободниот пад во сите три категории е шокантен.

Домаќинствата и бизнисите имале депозити во вкупна вредност од 235 милијарди евра во 2009-та година. Податоците за декември 2017-та година покажуваат дека и покрај значителното зголемување од 2,5 милијарди евра, вкупниот износ на грчките депозити изнесуваше само 126 милијарди евра. Ова значи дека 110 милијарди евра се загубени во последните десет години, од кои 60 милијарди евра – во последните три години.

Државните обврзници во 2009-та година изнесуваат 83.447 милијарди евра или 34% од БДП-то. Во 2007-ма година, вредноста на истите државни обврзници изнесуваше 54 милијарди евра – загуба од 30 милијарди евра за осум години.

Сепак, ова не е сè – со оглед на средствата користени за докапитализација на грчките банки, вкупната загуба на државните обврзници е во вредност од 60 милијарди евра за осум години.

Но, најлошите последици произлегуваат од падот на вредноста на имотот, што доведе до загуба од уште 400 милијарди евра во години на штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП