22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоевтинува дизелот, поскапува еуросупер 95

Поевтинува дизелот, поскапува еуросупер 95

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.21%.

Од полноќ за половина денар ќе се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР-95, и еден литар од ова гориво ќе чини 68 денари.

Непроменета останува цената на ЕУРОСУПЕР-98, и еден литар од ова гориво ќе продолжи да се продава за 69.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 59.50 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП