27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЗа време на Суперболот за реклама од 5 секунди платиле 5 милиони...

За време на Суперболот за реклама од 5 секунди платиле 5 милиони долари (видео)

Ен-Би-Си годинава наводно за 30 секунди комерцијално релкамирање наплатувал по 5 милиони долари, а некои од најголемите компании потрпошиле милиони за ударен тремин, пишува Бизнис инсајдер.

Оваа година рекламниот простор се продава за 11% повеќе од минатата година, а цената на 30 секунден клип чини во просек 5 милиони долари. Минатата година, рекламите се продаваа за над 4,5 милиони долари.

Откако Супер Бол беше создаден во 1967 година вредноста на телевизиското рекламирање се зголеми за 12.500 проценти. Само во последната деценија цената на рекламно време е зголемена за 76%.

Минатата година околу 114 милиони луѓе го гледаа натпреварот на телевизија, но многумина експерти ја оспоруваат ефикасноста на присуството на екраните токму за овој настан. Истражување на компанијата Communicus покажува дека 80% од рекламите на Супер Бол не помагаат за раст на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП