17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст во еврозоната го забрзува создавањето работни места

Економскиот раст во еврозоната го забрзува создавањето работни места

Економскиот импулс во еврозоната се зголемува со најбрзо темпо од скоро 12 години, што доведе до создавање нови работни места од крајот на милениумот, објави „Блумберг“.

„PMI“ порасна за 58,8 поени во јануари од 58,1 во декември, според „IHS Markit“. Ова изненадувачки ја надминува претходната прогноза за раст на 58,6, а промената главно се должи на подобриот од очекуваниот перформанс на услужниот сектор на чело со Германија.

Порастот е поддржан од порастот на светската трговија, постојано намалувањето на невработеноста и екстремно ниските трошоци за заеми, поради рекордно ниските каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ).

Па така компаниите продолжуваат да акумулираат нарачки кои ги намалуваат до границите на нивниот капацитет, според „IHS Markit“, брзото темпо на создавање нови работни места најверојатно ќе помогне да се зголеми развојот кој е помалку зависен од монетарната поддршка.

„ЕЦБ“ во моментов размислува кога да продолжи со вонредни стимулативни мерки кои вклучуваат негативни каматни стапки и програма за купување обврзници.

Податоците на „Еуростат“ покажуваат дека економскиот раст на еврозоната се забрзува на 0,6% во четвртиот квартал од минатата година. Лондонскиот „IHS Markit“ вели дека податоците веројатно ќе се надградат на 0,8%, во согласност со трендот за ревидирање на статистиката на бруто-домашниот производ.

Во исто време, растот на услугите и производството придонесуваат за повисоки ценовни притисоци, при што трошоците за производство се зголемија со најбрзо темпо од средината на 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП