6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ не попушта, одговара на заканите од САД

ЕУ не попушта, одговара на заканите од САД

Европскиот комeсар за буџет Гинтер Етингер предупреди дека ЕУ ќе возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп преземе трговски мерки против Унијата.

„Доколку европските извозници мораат да плаќат царина, тоа тогаш ќе биде двосмерна улица. Тогаш и американските извозници ќе мораат да плаќаат царина овде“, изјави Етингер.

Трамп пред неколку дена негодуваше поради трговската политика на ЕУ, наведувајќи дека би можела да прерасне во нешто сосема големо.

ЕУ потоа одговори дека е подготвена да возврати „брзо и на соодветен начин“ доколку Трамп воведе нечесни трговски регулативи.

„Секој кој има инструмент мора да знае дека и ние го поседуваме истиот“. Европскиот пазар во најмала рака е голем колку и американскиот“, додаде Етингер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП