27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД планираат ограничување на увозот на нафта од Венецуела

САД планираат ограничување на увозот на нафта од Венецуела

САД ја разгледува можноста за воведување ембарго за извоз на нафтата на Венецуела, но тие се свесни дека ова ќе има последици за населението на таа земја, изјави во неделата во Буенос Аирес државниот секретар Рекс Тилерсон.

“Ситуацијата во Венецуела се влошува. Еден од аспектите за кои ние мора да го земеме во предвид, доколку воведеме санкции, како тие ќе влијаат на населението. Може овој чекор да го забрза крајот”, рече Тилерсон на заедничката прес-конференција со аргентинскиот колега Хорхе Фаурие, укажувајќи на економската и политичката криза во Венецуела и ја споменува можноста за забрана на продажба на венецуелската нафта во САД.

Исто така, “да не се стори ништо, би значело жителите на Венецуела да продолжат да страдаат, и тоа многу долго”, додаде тој. “Затоа ги проучуваме можностите, а особено начинот на кој ќе го компензираме ефектот од можните санкции”.

Државниот секретар на САД, кој е на турнеја низ Латинска Америка, изјави дека е загрижен за “хуманитарната криза” во Венецуела и побара свикување на “слободни и фер” избори.

Тилерсон рече дека воделе долги разговори со аргентинскиот колега за Венецуела, особено за чекорите кои може да се спроведат со цел да се зголеми притисокот врз режимот на Мадуро.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП