18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot го враќа 4008 во својата гама

Peugeot го враќа 4008 во својата гама

Францускиот производител „Peugeot“  планира да го врати 4008 во својот асортиман. Тоа ќе биде тежок кросовер кој ќе биде достапен на пазарот во 2020-та година, вели Авто Експрес.

Според информациите, возилото ќе ја користи модуларната платформа „EMP2“ на концернот „SPA“, која е во основата на голем дел од моделите на „Peugeot“ и „Citroen“. Крос-купето ќе добие 3-цилиндричен бензински мотори од семејството „PureTech“ и дизел мотори со 4 цилиндри со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри.

Исто така, ќе има и две хибридни модификации, базирани на 1.6-литарскиот „THP“ мотор. Послабата опција ќе работи со еден дополнителен електромотор и ќе развива 240 КС, а најмоќниот – со два, така што моќноста ќе биде 300 КС.

Моделот Peugeot „4008“ официјално беше претставен во септември 2011-та година, а неговото производство започна во почетокот на 2012-та година. Тој беше развиен во соработка со „Mitsubishi Motors“, а на истата платформа се уште „Mitsubishi ASX“ и „Citroen C4 Aircross“. Во 2017-та година, 4008 беше окупиран од Peugeot 3008.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП