26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку потона шведскиот гигант H&M

Колку потона шведскиот гигант H&M

Профитот на шведската куќа „H&M“ во четвртиот минатогодишен квартал падна на 3,99 милијарди круни (506 милиони долари) од 5,91 милијрди круни во истиот период во 2016 година.

Продажбата падна за два проценти на 50,4 милиони круни (6,4 милиони долари) бидејќи „промените во индустријата донесоа предизвици и таквата ситуација ќе продолжи и во 2018 година“, се наведува во соопштението на H&M, пренесува агенцијата АП.

Извршниот директор на компанијата Карл Јохан Персон изјави „дека во средиште на трансформацијата на H&M е дигитализацијата“ и дека перформансите на компанијата во 2017 година биле „мешовити“ поради „потешкотии“.

Во изминатите неколку недели, шведската компанија беше обвинета за расизам поради рекламните фотографии од дете црнец со дуксер со натпис „Најдобриот мајмун во џунглата“ (Coolest monkey in the jungle) за што компанијата се извини и ја повлече спорната реклама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП