6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени 200.000 нови работни места во САД , забележан и раст на...

Отворени 200.000 нови работни места во САД , забележан и раст на платите

Американските работодавци во јануари отвориле дури 200.000 нови работни места, а забележан е и најголемиот раст на платите во повеќе од осум години.

Стапката на невработеност се задржала на 4,1 проценти, четврти месец по ред, што е најниското ниво од 2000 година, се наведува во месечниот извештај за вработувањето на американското Министерство за труд, пренесува агенцијата АП.

Просечната заработка по час во јануари пораснала за девет центи на 26,74 долари, по уште поголемиот скок од декември, додека во однос на јануари минатата година, е зголемена за 2,9 проценти, што е најголемиот раст во повеќе од осум години.

Градежните компании минатиот месец отвориле 36,000 работни места, поради зајакнувањето на побарувачката за нови недвижнини, во производниот сектор се отворени 15.000 работни места, во здравствениот 26.000, а во рестораните, хотелите и баровите 35.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП