4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Највредните брендови во светот

График на денот: Највредните брендови во светот

Еден од нашите графици минатата година ги презентираше најголемите брендови во светот врз основа на нивната вредност и еден дефинитивно надмина.

На чело на листата беа главно американски брендови како „Google“, „Amazon“, „Facebook“, „Visa“, „AT & T“ и „McDonald’s“, а единствените два неамерикански брендови кои успеаја да се пробијат во топ 10, беа јужнокорејската „Samsung“ и кинеската банка „ICBC“.

Денешниот график е дело на „HowMuch.net“ и покажува како работите се променија во вредноста на меѓународните брендови за една година. Користејќи го најновото рангирање на „Global 500“ на „Brand Finance“, тој ги прикажува најголемите брендови во одредени земји во 2018-та година.

Севкупниот рејтинг покажува дека трендот на американските брендови да бидат водечки останува ист како минатата година, иако со неколку промени во позициите. Додека во 2017-та година највредниот бренд на светот бил „Google“, оваа година тој беше надминат од американскиот трговец на мало „Amazon“,  кој денес е светски врвен бренд со 150,8 милијарди долари. Втор, останува технолошкиот гигант „Apple“, чиј бренд е вреден 146,3 милијарди долари.

И оваа година има само две не-американски компании во првите 10 кои остануваат исти како минатата година. Иако „ICBC“ ја задржа својата 10-та позиција во рејтингот од 59,2 милијарди американски долари, конгломерат на технологијата „Samsung“ се премести за 2 позиции на 4-тото место со 92,3 милијарди долари.

Според рангирањето наредните најголеми брендови според одделните земји се германската „Mercedes-Benz“ (43,9 милијарди долари), јапонската „Toyota“ (43,7 милијарди долари) и англо-холандската „Royal Dutch Shell“ (39,4 милијарди долари).

По нив на листата за најскап бренд за секоја земја се компании со вредност во опсег од 4 до 25 милијарди долари, вклучувајќи познати имиња како „Nestle“ (19,4 милијарди долари), „Zara“ (17,5 милијарди долари) и „RBC“ (13,8 милијарди долари). Иако износите се многу помали од оние на „Amazon“, тие се генерално големи меѓународни или национални брендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП