24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФереро го изедначува квалитетот, Германците ќе јадат понеквалитетна Нутела

Фереро го изедначува квалитетот, Германците ќе јадат понеквалитетна Нутела

Европската комисија потврди дека некои мултинационални компании го започнаа процесот на изедначување на квалитетот на нивните производи, со цел да ги запазат неодамнешните законски промени, а меѓу нив се истакнаа Хип(HIPP), Фереро(Ferrero) и Балсен(Bahlsen), беше објавено од канцеларијата на хрватскиот европратеник Билјана Борзан.

Хип се обврза на тоа откако беа објавени резултатите од истражувањата на пратеничката Билјана Борзан и Хрватската Агенција за храна, која покажа дека тестираната детска храна во Хрватска е помалку здрава од онаа во Германија, се вели во соопштението.

“Комисијата исто така изјави дека Фереро се обврзала да го изедначи квалитетот на Нутела во сите земји. По моето истражување, Фереро се изјасни дека квалитетот на Нутела е повисок само во Германија, а во сите други земји-членки е ист. Сега тие влегоа во процес на намалување на квалитетот на Нутела во Германија, за да не влезат во ситуација повторно да бидат повикани во истражувањето. Потрошувачите во Германија веднаш се поврзаа со проблемот на двоен квалитет и се крајно незадоволни “, рече Борзан кој од неодамна беше именувана за пратеник на Европскиот парламент за квалитетот на храна.

Истражувањето на пратеничката Борзан покажа дека производот на Нутела на хрватскиот пазар содржи сурутка во прав, а помал процент на обезмастено млеко во прав, додека производот во Германија содржи само обезмастено млеко во прав. Установена е разлика во бојата, конзистентноста, мирисот и вкусот на производот, се вели во соопштението.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП