8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Највредните брендови на спортскиот пазар

График на денот: Највредните брендови на спортскиот пазар

Во новогодишните ветувања многу луѓе велат дека во новата година ќе се насочат кон салата за фитнес, надевајќи се да направат одржлива промена во начинот на живот. При тоа толку распространето ветување „HowMuch.net“ решава да провери кои се најголемите играчи меѓу спортските брендови и производителите на спортски стоки и како изгледа пазарот.

Изданието ги користи податоците од „Forbes“, кој објавува годишна листа на највредните компании во скоро секоја индустрија. Компаниите се наоѓаат во квадрат во однос на нивната пазарна вредност, заедно со нивното лого и рејтингот, со што се гради брза слика на целиот пазар.

Очигледно американската компанија „Nike“ доминира на широкиот спортски пазар со вредност од 29,6 милијарди долари, што претставува 42% од пазарната капитализација на целиот пазар. Втората, третата и четвртата меѓу најголемите компании сочинуваат 41% од пазарот. Со други зборови, на пазарот на спорт доминираат неколку гиганти, а никоја друга компанија од овие четири не надминува 5 милијарди долари. И сето тоа значи дека четирите компании контролираат над 80% од пазарот.

Како ќе изгледа графикот до крајот на 2018-та година? Тешко е да се каже, бидејќи економијата минува низ премногу шокови. Кога станува збор за пазарот на спортска облека, „Adidas“ и „Under Armour“ ќе треба да поминат долг пат пред да успеат да се претворат во сериозен конкурент за водечката компанија. Да бидеш најголема компанија тоа и носи многу придобивки на „Nike“, особено поради тоа што неодамна постигна двоцифрен пораст на профитот.

Но, втората по големина компанија, спортскиот канал „ESPN“, се соочува со понеизвесна иднина. „Disney“ го поседува „ESPN“, кој е во комплет со други популарни канали. Ова значи дека ако Американците сакаат кабелска телевизија, тие го добиваат „ESPN“. Бидејќи таксите за кабелска телевизија стануваат повисоки, па се повеќе луѓе се откажуваат од неа за сметка на стриминг услуги како „Netflix“. Ова значи дека последната рунда на откажувања, на „ESPN“ веројатно им претходат уште „потемни“ времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП