27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоништен огласот за директори, но е објавен нов со поголем рок

Поништен огласот за директори, но е објавен нов со поголем рок

Владата го поништи огласот од 31 јануари за директори и заменици. Во дневните весници вчера објави нов оглас за исправка на огласот за пополнување на 69 директорски и 25 заменички места. На прашање на „Макфакс“ која е целта на итноста на огласот, од Владата одговорија дека сè е во рамки на законот и не постои никаква интенција во кратките рокови за објавување на огласите.

Некои од в.д. директорите на институциите кои ги контактираше „Макфакс“ рекоа дека рокот за кој треба да поднесат документи за да конкурираат за позициите е премногу краток. Напоменаа дека поради евентуално отсуство или поради службени патувања може да пропуштат да аплицираат.

Огласот за директори и заменици е само 3 работни дена бидејќи на повеќето в.д. директори им истекувал мандатот, соопшти Владата во средата. „Со цел да нема застој во работењето на институциите се појави ургенцијата за назначување“, соопштија оттаму. Вработените во Државниот комунален инспекторат, како што објави „Макфакс“ 3 месеци немаа земено плата бидејќи немаше назначено вршител на должност.

На прашањето дали в.д. директорите, на кои им истекува мандатот, ќе имаат доволно време да ги соберат потребните документи за да аплицираат на огласите, од Владата велат: „Станува збор за високи позиции и очекуваме дека сите кандидати што ќе аплицираат ќе бидат свесни дека критериумите мора да бидат во целост исполнети“. Лицата што сакаат да бидат директори треба, меѓу другото, да поседуваат меѓународно признати сертификати за познавање англиски јазик не постари од пет години или сертификатот АПТИС и да имаат положено психолошки тест и тест за интегритет, за чие издавање е потребно минимум 5 дена.

Со огласот на Владата се бараат директори и заменици на Управата за извршување санкции, Бирото за судски вештачења, Управата за водење на матичните книги, Бирото за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Управата за финансиско разузнавање, Управата на финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП