6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе очекува дождлив викенд со снег само на планините

Не очекува дождлив викенд со снег само на планините

Денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2.

Во наредните денови врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска височина. Утре ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (над 90км/ч). Во недела претпладне сè уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Најмногу дожд изминатово деноноќие наврнал во Лазарополе , Маврово, Дебар, Пожаране и Охрид, а најниски температури се измерени во Струмица, Прилеп, Крушево и Маврово (4 степени).

Времето денеска ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Дува умерен, а во средниот дел на Повардарието, во Пелагонија и на североистокот повремено и засилен ветер од јужен правец. Врнежите дожд ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег преку денот ќе има само на повисоките планини, а во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (со брзина и над 90км/ч). Температурата ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено во вечерните и ноќните часови. Ќе дува засилен јужен ветер. Температурата ќе биде до 15 степени.

Утре наутро се уште ќе има локални врнежи, особено во јужните делови. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето, што ќе се задржи и во првиот ден од следната работна седмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП