6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвата скопски земјотреса од ист расед, Гаревски ги смета за нормална сеизмичка...

Двата скопски земјотреса од ист расед, Гаревски ги смета за нормална сеизмичка активност

Скопјани вчера во период од осум часа почувствуваа два земјотреса за кои професорот Михаил Гаревски, вели дека се од истото епицентрално подрачје во близина на скопско Соње. Првиот земјотрес утрово беше со магнитуда од 2,3 степени според Рихтер, а иста јачина, според Сеизмолошката лабораторија, имал и земјотресот попладнево.

Гаревски вели дека двата земјотреси се поврзани со земјотресот со магнитуда 5 што се случи во Скопје во септември 2016 година.

„Се работи за истиот расед, истото подрачје каде во 2016 имаше силен земјотрес. Тоа е расед кој оди до Арачиново и вакви слаби потреси се нормална макросеизмичка активност или редистрибуција на напрегањето од 5 степени по Рихтер. Ваквите потреси ги забележуваат само исклучително чувствителни луѓе, кај поголемиот дел од популацијата поминуваат незабележано и не предизвикуваат штета. Таков беше и денешниот земјотрес во Охрид, со магнитуда од 2,1 “, изјави Гаревски за „Макфакс“.

Тој нагласува дека скопјани немаат потреба од кревање паника оти вакви мали земјотреси, пред кои имало некој посилен, се сосема очекувани. Како пример ги кажува разорните земјотреси во Италија, во Аматриче и Акумоли од 2016 година. По силните земјотреси кои целосно ги разурнаа овие две гратчиња, тресењето на земјата продолжило. По главниот удар, регистрирани биле вкупно 60.000 земјотреси во рок од една година, па Гаревски смета дека мали потреси на истиот расед се сосема очекувани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП