19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште еден земјотрес почувствуван во Скопје

Уште еден земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Скопје во 15 и 23 часот.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 4 километри јужно од Скопје, на 1 километар северно од Сопиште и на длабочина од 1 километар.

 

Утрово во Скопје во 8 часот и 3 минути беше регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степена според Рихтеровата скала. Утрово, пак, во 2 часот и 26 минути е регистриран земјотрес и во Охрид со јачина од 2,1 според Рихтер. Епицентарот бил десет километри источно од Охрид.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП