15 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОсновни правила за шефот да биде среќен

Основни правила за шефот да биде среќен

Добриот шеф своите очекувања јасно ги искажува пред тимот. На тој начин, сите ќе разберат што е потребно за компанијата да биде успешна. Но, што можете вие да направите за да ја олесните работата на шефот.

Ви прикажуваме 8 правила кои вашиот шеф ќе го направат среќен:

1. Придржувајте се до своите зборови

Вашиот шеф сака да ви верува. Затоа, кога ќе прифатите некоја задача, исполнете ја доследно.

2. Без изненадувања

Стравот на секој шеф е вработените да не направат некоја грешка, а притоа да не ја пријават. Затоа, ако сметате дека некоја лоша вест ќе го вознемири вашиот шеф, веднаш известете го.

3. Бидете детално информирани

Вашот шеф ќе смета дека сте способни ако сте во тек со сите случувања. Секогаш кога сте на состанок со шефот бидете детално информирани, а тоа ќе ви помогне да одговорите на сите прашања.

4. Сфатете ја својата работа сериозно

Шефовите ги ценат вработените на кои вистински им значи работата. На раководителите им требаат личности со единствени вештини. Не мора да бидете професионалец во секоја област, затоа одберете област која шефот ќе ја цени.

5. Преземете одговорност

Ако видите дека шефот е подготвен да донесе лоша одлука, не колебајте се, спречете го. Објаснете што е најдобро и изразете се јасно.

6. Понудете решение, не поплака

Нема ништо поиритантно и досадно од слушањето на нечии поплаки околу нешта за кои нема волја да ги промени.

7. Комуницирајте јасно

Шефовите се зафатени и немаат време да слушаат километарски реченици. Затоа, кога разговарате со шефот говорете и пишувајте кратки реченици. Секој предлог нека ви биде јасен и разбирлив.

8. Вашата вистинска работа

Без оглед на тоа што пишува во описот на работното место, вашата вистинска работа е да го направите шефот успешен. Никогаш нема отстапки од ова правило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП