1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Русија таложи злато?

Зошто Русија таложи злато?

Владата на Русија купи две третини од своето ископано злато во земјата. Купуваше и од локалните банки за да ги дополни резервите.

Кремељ, да се потсетиме, го означи овој благороден метал како сигурно скривалиште во време на геополитичките турбуленции.

„За банките, ова е добра работа. Тие ги кредитираат рударските компании кои ги враќаат кредитите со златото кое ќе го извадат. Потоа банките го продаваат на Централната банка“, се наведува во соопштението на руското Министерство за финансии.

Русија сега стана најголем купувач на злато во светот, а купувањето од страна на руските банки значително се зголеми во последните неколку години.

Минатата година руските банки купиле 205.155 тони злато, што е за 4,7 проценти повеќе отколку во 2016 година (195,89 тони), а што е околу 67 проценти од вкупното злато произведено во Русија. Тоа исто така е зголемување од 13 проценти во однос на 2013 година.

Најголеми купувачи се „VTB“, „Sberbank“ и „Gazprombank“. Сите три банки се регистрирани на берзата во Шангај. Во април „VTB“ ги најави плановите годишно да и продава на Кина до 100 тони злато. Руската централна банка ги зголеми резервите на злато за 163 тони, на 1,778 тони. Русија речиси ја стигна Кина, која има 1,842 тони.

Русија е најголем светски купувач на злато и трет по големина производител. Стабилноста на резервите е еден од основните причини поради кои Русија купува злато, соопшти Централната банка.

„Банките, особено државните, се плашат дека нивната актива во странство може да биде замрзната во случај на ширење на санкциите“, изјави раководителот на BKS банка Максим Осадчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП