6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред ОЈО ќе се одржи нов протест на исклучените од Топлификација

Пред ОЈО ќе се одржи нов протест на исклучените од Топлификација

Исклучените од Топлификација денеска од 12 до 14 часот пред Основното јавно обвинтелство во Скопје ќе одржат вонреден протест.

Како што се наведува во најавата за протестот, „причината е непостапување по ниедна од стотиците кривични пријави или допрен глас за организираниот криминал на монополот БЕГ (Топлификација, Водовод) со нотари, судии, извршители и банки“.

„Поради глувоста на ОЈО одлучивме пред нивното седиште јавно со мегафон да им ги прочитаме имињата на вмешаните лица во овој криминал и да им објасниме на обвинителите како тие системски ги прекршувале Уставот и Законите на Република Македонија“, велат организаторите во повикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП