6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазвод после 15 години: eBay се разделува од PayPal

Развод после 15 години: eBay се разделува од PayPal

Разводот после 15 години години брак меѓу „eBay“ и „PayPal“ е главната вест во светските медиуми.

„eBay“, една од најголемите светски онлајн платформи одлучи да му ја одземе на „PayPal“ улогата главен партнер за обработката на плаќањата. Таа работа изгледа ќе му ја препушти на еден ривал.

Двете американски компании имаат комплицирана историја, а вестите за разделување доведoa до тоа акциите на „PayPal“ да паднат за повеќе од 12 проценти.

Значи, „eBay“ одлучи да го преземе поголемиот дел од плаќањата на својата платформа. Во соработка со холандската компанија „Adyen“, „eBay“ ќе започне полека во наредните месеци и години да ги презема посредничките услуги во наплатата на производи и услуги на својата интернет продавница.

Така, како примарен сервис за плаќање „eBay“ ќе нуди свое решение, наместо „PayPal“ кој на таа позиција фигурираше во последните 15 години.

Експертите велат дека најавеното преминување на решението на „Adyen“ за дигитални плаќања ќе потрае барем до 2020 година, кога истекува и важечкиот договoр меѓу „eBay“ и „PayPal“.

Се претпоставува дека на купувачите и после 2020 година „PayPal“ ќе им биде понуден како можен начин на плаќање, но неговата улога ќе биде споредна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП