3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов туристички рекорд во Шпанија

Нов туристички рекорд во Шпанија

Во Шпанија 2017 година беше петта рекордна последователна година според растот на бројот на туристи, покажуваат податоците на Националниот Институт за статистика.

Бројот на странски туристи кои ја посетиле земјата е зголемен во периодот од една година за 8,6 проценти на 81,8 милиони, од кои половината ја сочинувале гостите од Британија, Германија и Франција.

Со ова Шпанија е втора најпосетена земја во светот по Франција, а САД се на третото место, јавува АФП.

Франција се уште не ги објавила официјалните податоци за 2017 година, но нејзиното Министерство за надворешни работи проценува дека земјата ја посетиле 89 милиони странски туристи.

Во Шпанија, во која туризмот изнесува десет проценти од економијата, зголемен е бројот на странски гости во градовите и летувалиштата дел поради загриженоста за безбедноста во другите популарни сончеви дестинации, како што се Египет и Турција.

Британците и понатака се најбројната туристичка група која ја посетила Шпанија со околу 18,8 милиони туристи, зад нив следи Германија со 11,9 милиони и Франција со 11,2 милиони.

Каталонија и понатака е најпосетитениот регион на Шпанија со 19 милиони странски гости и покрај политичките превривања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП