19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoyal Dutch Shell двојно ја зголеми својата добивка во 2017-та

Royal Dutch Shell двојно ја зголеми својата добивка во 2017-та

Профитот на „Royal Dutch Shell“ во минатата 2017-та година порасна за повеќе од двојно до 16 милијарди долари – највисока од 2014-та година. Растот главно се должи на зголемувањето на цените на нафтата и на гасот, како и на зголеменото производство и подобри севкупни перформанси, објави „Ројтерс“.

Од англо-холандската компанија посочија дека во минатата година бележат и засилен прилив на парични средства благодарение на политиката за намалување на трошоците која траеше со години, како и интеграцијата на „BG Group“, која беше купена од „Shell“ во 2016-та година.

Европскиот репер „Брент“ продолжи со обновата на цената и во последните месеци достигна до тригодишен максимум од околу 70 долари за барел.

Производството на нафта и природен гас забележа раст во четвртиот квартал до 3,756 милиони барели нафтен еквивалент дневно од 3,657 милиони во претходните три месеци. Сепак, на годишна основа, производството се намали за 4%.

На квартална основа добивката на „Shell“, базирана на оваа цена на суровината, без утврдени еднократни ефекти, се зголемила со 140% до 4,3 милијарди долари, што претставува малку над очекувањата на аналитичарите за 4,24 милијарди долари.

Во последните три месеци компанијата ја прекина и практиката за исплата на дивиденди, при што инвеститорите можат да изберат како да ги добијат – во форма на акции или пари. Ова е знак на доверба на „Shell“ дека може да гарантира 15 милијарди долари исплата на дивиденди годишно, рече „Ројтерс“.

Од компанијата соопштија исто дека соодносот меѓу долгот и нејзината капитализација е намален до 24,8% од својот максимум во третиот квартал во 2016-та година, кога беше 29,2% благодарение на намалување на долговите до 74,65 милијарди долари.

„Shell“ исто така објави за еднократен трошок во износ од 2 милијарди долари поради новата даночна реформа во САД, но и покрај тоа очекувањата се дека таа ќе ги стимулира приходите на долг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП