12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо повод Глобалниот ден на изборите ДИК отворена за граѓаните

По повод Глобалниот ден на изборите ДИК отворена за граѓаните

Стручната служба на Државната изборна комисија (ДИК) организира Отворен едукативен ден за граѓаните по повод Глобалниот ден на изборите кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари. Годинава Глобалниот ден на изборите се одбележува токму денеска, на 1 февруари, а ДИК за прв пат од постоењето, организира Отворен едукативен ден за граѓаните.

„Пред точно 70 години, со Универзалната декларација на Обединетите нации, правото на глас е востановено како едно од основните човекови права. Тоа се остварува преку слободни и фер избори, како темел на секое демократско општество“, информираат од ДИК.

По тој повод денеска сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, седиштето и подрачните одделенија и канцеларии, каде можат да проследат едукативна презентација и да се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список. Воедно граѓаните имаат можност и да постават прашања до вработените во Стручната служба на ДИК, а и да подигнат едукативни материјали.

Инаку, во знак на одбележување на Глобалниот ден на изборите, изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и слично, со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права. Овој ден се одбележува како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП