19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: До 15-ти март е рокот за поднесување годишни даночни пријави

УЈП: До 15-ти март е рокот за поднесување годишни даночни пријави

Од Управата за јавни приходи (УЈП) апелираат до граѓаните задолжително да поднесат годишна даночна пријава најдоцна до 15 март годинава.

Оттаму потсетуваат дека даночна пријава треба да поднесат лица што оствариле приходи во земјата и странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос; кирии (издавање имот – закуп или подзакуп); авторски права и права од индустриска сопственост; дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица; капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари (по поединечна добивка); приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет-страници; приходи од интернет (на пример, е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување реклами на сопствени интернет-страници, прогнози – дојави на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација и други дополнителни видови приходи надвор од редовната плата или пензија.

Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) може де се преземе на интернет-страницата на Управата за јавни приходи, а се поднесува до даночните шалтери преку пошта или електронски.

Со цел навремено приспособување на новиот начин на пријавување, пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход, од УЈП препорачуваат секој граѓанин да се регистрира на системот „Е-персонален данок“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП