21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот за добрососедство функционира: Трговијата помеѓу Македонија и Бугарија зголемена за 11...

Договорот за добрососедство функционира: Трговијата помеѓу Македонија и Бугарија зголемена за 11 отсто

Трговијата помеѓу Македонија и Бугарија во последните девет месеци е зголемена за 11 отсто.

Според податоците на Бугарскиот завод за статистика извозот на стоки и услуги кон Македонија изнесува 300 милиони евра, а увозот  изнесувал 234 милиони евра.

Бугарија најголем дел кон Македонија извезува во енергетскиот сектор, но се застапени и во банкарскиот и осигурителниот сектор.

Според економскиот аналитичар Љубомир Левичаров, зголемените бизнис релации помеѓу Македонија и Бугарија се должи на Договорот за добрососедство кој беше потпишан лани на 1-ви август помеѓу двете држави.

Економистите се категорични дека сегашните тенденции и зголемувањето на стоковата размена меѓу Бугарија и Македонија ќе продолжат во наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП