8 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе поскапат јајцата поради новиот начин на одгледување несилки

Ќе поскапат јајцата поради новиот начин на одгледување несилки

jaja

Поден наместо кафезен систем за одгледување несилки предвидуваат измените во Законот за благосостојба на животните. Ова, според Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе ја зголеми цената на јајцата, бидејќи продукцијата при ваквиот начин на производство е помала.

Законските измени треба да се донесат најдоцна до јули годинава, но рокот за воведувањето на оваа новина е пролонгиран и треба да се реализира најдоцна шест месеци до влезот на Македонија во ЕУ.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, со измените на Законот ќе се забрани одгледувањето животни за произведување крзно, како и за нивно користење во циркус. Посебна, независна, стручна комисија ќе одлучува и како ќе се третираат животните, дали и колку ќе може да се користат во научни цели.

Рунтевски на средба со новинарите информира и дека кланиците ќе треба да назначат одговорно лице за заштита и благосостојба на животните кое ќе биде претходно обучено и со стекнат соодветен сертификат. Тоа, пак, ќе треба да гарантира дека персоналот во кланицата работи согласно законот и прописите и дека постапува според стандардните оперативни процедури.

Законските измени, потенцира директорот, се пред се во насока на усогласување со европската регулатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП