3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНепознато местото за изградба на Клиничкиот центар, но камен темелник ќе има...

Непознато местото за изградба на Клиничкиот центар, но камен темелник ќе има во рок од пет години

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кој требаше да се ре-изгради во Скопје, се уште нема локација. Премиерот Зоран Заев вели дека очекува, камен темелникот да се постави во рок од пет години. Тој, исто така наговести дека за изградба на новиот комплекс болници на нова локација која не е предвидена со договорот, државата ќе треба да плати пенали во износ од 5,5 милиони евра.

„Немаме направено средба со изведувачот, се работи за италијанска компанија која е меѓународно призната и градела и на други места. Не сме се сретнале зошто се уште не сме одлучиле што ќе правиме“, вели Заев.

Новата локација која ја спомена Заев е во делот на индустриската зона Визбегово, а предноста е обиколницата и лесната пристапност. На новата можна локација кај Визбегово изградбата би чинела меѓу 450 и 500 милиони евра. Предлогот за нов Клинички центар во Бардовци детално бил презентиран пред Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП