20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроверено и го враќа сјајот на косата: Домашен рецепт од 2 состојки

Проверено и го враќа сјајот на косата: Домашен рецепт од 2 состојки

Ладните зимски денови и оставаат трага на вашата коса, но потребно е малку повеќе напор за косата да стане повторно сјајна.

Комбинацијата од млеко и мед е одлична за обновување на косата и за лекување на оштетеноста, а оваа маска позитивно ќе делува на сите типови коса.

Доволна е една шолјичка млако полномасно млеко во кое ќе додадете две супени лажици мед. Потребно е добро да промешате, за да добиете хомогена смеса.

Смесата нанесете ја на косата, прекријте ја со кеса и држете ја така еден час.

Маската измијте ја со шампон и топла вода. Правете ја оваа маска 1-2 пати неделно, а по еден месец употреба вашата коса повторно ќе заблеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП