Невработеноста во Германија достигна ново ниво во декември, што ги обележува најниските вредности од пред 37 години. Во декември 2017-та година, речиси 44,6 милиони луѓе се вработени, според Сојузниот завод за статистика.
Ова претставува годишен пораст од 1,5%, или 647.000 луѓе.
За последен пат овие вредности беа толку ниски во октомври 1980-та година.
Во исто време, зголемувањето во споредба со истиот период од минатата година е забележано и кај бројот на невработени, што за претходниот месец изнесуваше 1,5 милиони – пораст од 25.000 лица. Во споредба со ноември, индикаторите се зголемија за 44.000 или 2,7%.
Според податоците, во споредба со претходниот месец во декември, има пад на вработеноста од околу 0,3% или 129,000. Заводот за статистика посочува дека ова е чест сезонски феномен, иако падот во ноември 2017-та година е релативно помал од просекот во последните пет години (176.000 луѓе).
Исто така, од информациите, и покрај промените во статистиката, вклучувајќи ги податоците за вработувања кои претходно не беа достапни, немаше промени во годишните податоци. Во 2017-та година, во Германија работат вкупно 44,3 милиони луѓе, што претставува годишен раст од 1,5%.
Според статистичките податоци објавени претходно во овој месец, минатогодишниот раст беше забележан и во потрагата по кадри. Потоа отворените позиции во Федералната агенција за вработување беа 761.000, што е 103.000 повеќе во однос на истиот период во минатата година.