28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот превоз и денес бесплатен, нивото на загаденост се уште високо

Јавниот превоз и денес бесплатен, нивото на загаденост се уште високо

Мерните станици и денеска покажуваат високо ниво на загаденост со ПМ 10-честичките на повеќе локации во Скопје.

Мерењата утрово покажаа дека загаденоста кај Ректорат изнесуваше 258 микрограми на кубен метар, понатаму измерени беа 222 микрограма во Лисиче, 217 во Гази Баба и 201 микрограм на кубен метар во Карпош.

Од вчера јавниот превоз е бесплатен сè до моментот на намалување на загаденоста. Меѓу итните мерки што ги најави Град Скопје е интезивирање на контролата на градилиштата, инспекциски надзори над субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, како и интензивно чистење на улиците и булеварите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП