16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer објави добивка од 11 милијарди долари од даночната реформа во САД

Pfizer објави добивка од 11 милијарди долари од даночната реформа во САД

Американскиот производител на лекови „Pfizer“ ги надмина очекувањата за профит за последното тримесечје од минатата година. Ова се должи на силната побарувачка на неговата вакцина против пневмонија „Prevnar“, на лекот против рак на дојката „Ibrance“, како и бонусот од 11,34 милијарди долари поради новата даночна политика на САД, објави агенцијата „Ројтерс“.

Акциите на компанијата, која предвидува добивката и приходите за целата година да ги надминуваат оценките на „Волстрит“, ја зголемија својата вредност со 1,4% до 39,60 долари пред почетокот на берзанското тргување.

Производителот се приклучува кон редица други фармацевтски компании, меѓу кои „Johnson & Johnson“ и „AbbVie Inc.“, кои очекуваат да имаат корист од промените во даночните закони воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во минатиот месец.

Од „Pfizer“ рекоа дека нивната нето-добивка за четвртиот квартал се зголемила на 12,27 милијарди долари, или 2,02 долари по акција. Една година порано, таа беше 775 милиони долари, или 13 центи по акција.

Во врска со новите даночни промени, „Pfizer“ рече дека ќе плати 15 милијарди американски долари во даноци за период од осум години, поради враќањето на своите средства од странство.

Исклучувајќи го дополнителниот бонус од реформата и други еднократни ефекти, компанијата одбележува профит од 62 центи по акција, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 56 центи, посочува уште „Ројтерс“.

Нејзините приходи, исто така, забележаа благ пораст до 13,70 милијарди долари во споредба со очекуваните 13,68 милијарди долари.

За цела година, компанијата планира да заработи удел од 2,90 до 3 долари и да заработи приходи помеѓу 53,5 и 55,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП