29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобро е - Американците почнаа да трошат

Добро е – Американците почнаа да трошат

Американците и овој месец продолжија со оптимизам да гледаат на домашната економска ситуација, известува агенцијата АП.

Индексот за доверба на потрошувачите во јануари порасна на 125,4 поени од ревидираните 123,1 поени од декември, соопшти истражувачката група „Conference Board“.

Тој индекс мери и како потрошувачите ги проценуваат моменталните економски услови и какви се нивните очекувања во поглед на наредните шест месеци.

„Потрошувачите и понатака се многу убедени дека солидното темпо на раст воочено на краjот на 2017 година ќе продолжи и во 2018 година“, изјави директорката на „Conference Board“, Лин Франко.

Економистите со внимание го следат извештајот на „Conference Board“, бидејќи приватната потрошувачка сочинува околу 70 проценти од економските активности на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП