10 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска сончево и ветровито време

Денеска сончево и ветровито време

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму наведуваат дека поради појава на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на утринска магла по котлините. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 10 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе се задржи сончево време со мала облачност и со слаб јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 12 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево време со умерена локална облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. На запад претежно облачно. Ќе дува умерен јужен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на планините.

Во петок, пак, ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер, во петок од јужен, а во сабота попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП