5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија почна истрага против сопственици на скапи автомобили

Бугарија почна истрага против сопственици на скапи автомобили

Ако се возите во „бентли“ или нешто слично во Бугарија, внимавајте, обвинителите можеби се зад вас, коментира француската телевизија „Франс 24“ , откако вчера главниот обвинител во Бугарија отвори истрага против сопствениците на сите 435 луксузни автомобили од марката „мајбах“, „бентли“, „ламборџини“, „ролс-ројс“ и „ферари“, регистрирани во земјата.

„Целта на истрагата е да се утврди од каде дошле парите за купување на овие автомобили и дали тие се набавени по пат на перење пари или даночни измами“, изјави портпаролката на главниот обвинител, Румјана Арнаудова, во понеделникот.

Телевизијата коментира дека Арнаудова не прецизираше дали ќе бидат испитани само сопствениците на овие пет марки или поседувачите на скапи автомобили во целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП