ЕКОНОМИЈА

Владата предложи укинување на обврската за познавање англиски јазик за таксистите

Владата за време на денешната владина седница го утврди новиот текст на предлог-законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај со кој се предлага укинување на обврската за познавање  англиски јазик за такси превозниците.

Владата донесе заклучок предлог-законот да биде доставен до Собранието на Република Македонија на усвојување.