11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„РКЕ да ја преиспита одлуката за поскапување на водата“

„РКЕ да ја преиспита одлуката за поскапување на водата“

Владата ја повика Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита одлуката за поскапување на водата.

„Владата на Република Македонија е против одлуката за покачување на цената на водата бидејќи таа паѓа на сметка на крајните корисници, односно граѓаните, и донесе заклучок да и препорача на Регулаторната комисија за енерегетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП Студенчица да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата“, порачаа од Владата.

Претходно „Водовод“ соопшти дека во сметките за вода ќе се појави дополнителен трошок од 2,04 денари за пречестителни станици за отпадни води на реките Лепенец и Треска, кои ќе бидат во надлежност на јавното претпријатие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП