27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрестанува да важи Законот за субвенции за музичката продукција

Престанува да важи Законот за субвенции за музичката продукција

Владата на денешната седница го разгледа предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција и донесе заклучок да го достави до Собранието на Република Македонија на натамошна постапка.

Од Владата велат дека имплементацијата на Законот во практика не ги далa очекуваните ефекти, при што се поставило прашањето за оправданоста од ваквиот начин на финансирање со буџетски средства во вкупен износ од 317 680 000 денари, односно околу 5 милиони евра.

Портпаролот Миле Бошњаковски најави дека Владата во наредниот период ќе направи анализа како реално да ѝ помогне на македонската музика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП