26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИКомерцијална банка АД Скопје со добивка од над 13 милиони евра за...

Комерцијална банка АД Скопје со добивка од над 13 милиони евра за 2017

Во периодот 01.01-31.12.2017 година Комерцијална банка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 820,6 милиони денари наспроти 779,4 милиони денари остварена нето добивка во минатата година која бележи пораст од 5,3%.

Планираната бруто-добивка за 2017 година е остварена со 98,3%. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 14,2% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемувањето на останатите приходи од дејноста (реализирани капитални добивки од продажба на преземени средства и од наплатени претходно отпишани побарувања).

Овој резултат Банката го оствари во услови на натамошно влошување на квалитетот на кредитното портфолио, при што негативните настани поврзани со работењето на неколку поголеми клиенти придонесоа загубата за оштетување на финансиските средства значително да ги надмине проекциите за годината. Поради тоа, Банката преземаше напори за надминување на состојбите преку прудентно управување со активата, спроведување организациски измени во насока на зајакнување на наплатата на проблематичните кредити и продолжи со поинтензивни активности за продажба на преземениот имот по основ на ненаплатени побарувања.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 5.165,8 милиони денари и бележат зголемување од 10,2% во однос на минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2017 година изнесуваат 1.769,7 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се зголемени за 3,3% како резултат на зголемените расходи за вработените и останати расходи од дејноста. Планот е остварен со 98,3%.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 31.12.2017 година достигна износ од 2.381,3 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 35,8%. И покрај планираното натамошно влошување на кредитите на правни лица, нето-исправката на финансиските средства за 2017 година е значително зголемена во однос на планот како резултат на непредвидено влошување на состојбите кај неколку поголеми корпоративни клиенти.

Целосниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП