27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо опаѓање е бројот на рибарски бродови во ЕУ

Во опаѓање е бројот на рибарски бродови во ЕУ

Риболовната флота во Европската унија (ЕУ) вклучува 83.734 бродови во 2016-та година, покажуваат податоците на „Евростат“. Тоа прави вкупно 1,6 милиони бруто тонажа и вкупно производство на мотори од 6,3 милиони киловати.

Забележано е намалување во однос на 2008-ма година, кога рибарските бродови биле 85.441 примероци, вкупно 1,8 милиони бруто тони и со моторна моќност од 6,8 милиони киловати.

Шпанија (21,2%), Велика Британија (11,7%), Франција (10,9%) и Италија (9,9%) заедно поседуваат поголем дел од бруто тонажата (53,8%) и вкупната моторна моќност (55,9%).

Во однос на бројот на бродови во ЕУ, речиси една петтина (18,1%) се регистрирани во Грција. Италија (14,7%), Шпанија (11,1%), Португалија (9,5%) и Хрватска (9,1%) следат по големина на капацитетот на бродовите.

Рибарските бродови во Грција во принцип се мали, во просек по 4,7 бруто тони – значително помалку од просекот за другите земји членки на ЕУ, која е 19 бруто тони на пловилата.

За споредба рибарски бродови во Шпанија во просек се со капацитет од 36,3 бруто тони, додека во Холандија податоците се за просек од 156 бруто тони, а во Литванија – 287,9 бруто тони.

Риболовната флота во ЕУ, Еуростат:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП