15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackstone е во напредна фаза на преговори за купување на дел од...

Blackstone е во напредна фаза на преговори за купување на дел од Thomson Reuters

Американската инвестициска компанија „Blackstone“ е во напредна фаза на преговори за купување на 55 отсто од акциите во финансискиот и ризичниот бизнис на „Thomson Reuters“. Договорот ќе ја цени поделбата на 20 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот, велат три познати извори за „Reuters“.

Според изворите се очекува Бордот на „Thomson Reuters“ да се состане денес за да разговара за понудата на „Blackstone“ за делот што обезбедува вести, податоци и анализи на банки и инвестициски куќи во целиот свет. Единицата претставува речиси половина од годишниот приход на „Thomson Reuters“.

Според понудата на „Blackstone“, „Thomson Reuters“ ќе задржи 45 отсто од акциите во бизнисот, како дел од партнерството со американската инвестициска компанија.

„Thomson Reuters“ ќе добие над 17 милијарди долари за трансакцијата, вклучувајќи околу 4 милијарди долари во кеш и 13 милијарди долари, финансирани преку нов долг, превземен од новото партнерство, објавија двајца од изворите. Целото финансиско и вложување во бизнисот се проценува на околу 20 милијарди долари, што се состои од 7 милијарди долари и 13 милијарди долари од долгот, додаваат тие.

Од „Thomson Reuters“ изјавија дека „е во напредна фаза на дискусии со „Blackstone“ во однос на потенцијалното партнерство за финансискиот и бизнис потфат. Компанијата не дава дополнителни детали, а портпаролот на „Blackstone“ одби да коментира.

Ако Бордот се согласи на договорот со „Blackstone“, тој ќе доведе до најголемите промени за „Thomson Reuters“ од неговото создавање пред една деценија преку купувањето на „Reuters Group“ од „Thomson Corp“. Канадската „Thomson Reuters“ го купи „Reuters“ во Лондон за 8,7 милијарди фунти во 2008-ма година, кој во тоа време изнесувал 17 милијарди долари.

По договорот, „Thomson Reuters“ ќе ја задржи својата меѓународна информативна служба „Reuters“, како и нејзината законска, даночна и сметководствена поделба.

Сепак, извори предупредуваат дека договорот не е финализиран и може да пропадне.

Ако биде завршена, сепак, инвестицијата на „Blackstone“ ќе ја постави компанијата во директна конкуренција со „Bloomberg“, како и со делот „Dow Jones“ на „News Corp“ кај услугите за продажба на податоци, аналитички и трговски алатки на „Wall Street“.

Канадската „Thomson Reuters“ контролира над 63% од акциите на „Thomson Reuters“ преку „Woodbridge“. Доставувачот на вестите и податоците имаат пазарна вредност од околу 31 милијарда долари, а нејзините акции се тргуваат на размена на Њујорк и Торонто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП