3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе знаете како, се плашите? 5 начини како да побарате покачување

Не знаете како, се плашите? 5 начини како да побарате покачување

Постојат начини кои ќе ви помогнат да го уверите работодавецот дека заслужувате повисока плата, а ова се некои од нив.

Знајте колку вредите

Токму како што секој производ има цена, така секоја работа има пазарна вредност. Распрашајте се колку заработуваат другите на вашето работно место со цел да можете да подвлечете некоја паралела.

Истражете ја праксата на плаќање

Разговaрајте со менаџерите во компанијата за тоа каква е праксата во плаќањето на работниците со цел да бидете што подобро информирани може ли компанијата да ви даде зголемување.

Бидете реални

Токму како што не можете да платите BMW по цена на Škoda, така ниту компанијата неможе да им даде иста плата на адвокатот и портирот.

Самодовербата е важна

Ако сами не верувате дека работите повеќе, тешко дека ќе успеете шефот да го убедите во тоа. „Наоружајте се со факти, достигнувања и одговорности и побарајте го својот дел.

Немојте да просите

Фактот дека имате четири деца и кредит на 30 години не ја интересира вашата компанија. Наместо на раководството да му објаснувате зошто ви треба зголемување, покажете му дека го заслужувате тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП