18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостојано бележат раст - САД се зајми најмногу во оваа деценија

Постојано бележат раст – САД се зајми најмногу во оваа деценија

Министерството за финансии очекува дека САД во периодот јануари-март ќе се задолжи за 441 милијарди долари, најмногу за осум години, со што ќе расте и федералниот дефицит.

Министерството за финансии на САД наведе дека во последниот квартал од минатата година се задолжило за 282 милијарди долари.

Актуелното задолжување е најголемо откако Владата на САД во првиот квартал од 2010 година позајми 483 милијарди долари.

Владата на САД повеќе се задолжува бидејќи е зголемен федералниот дефицит.

Дефицитот за буџетската 2017 година, која заврши во септември, изнесувал 665,8 милијарди долари.

Се проценува дека дефицитот за оваа година би можел да биде околу 765 милијарди долари, додека некои предвидуваат дека следната година тој повторно би можел да биде преку илјада милијарди долари, поради поголемата потрошувачка на Владата и последиците од намалување на данокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП