4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо 7,5% раст повторно на првото место во светот

Со 7,5% раст повторно на првото место во светот

Индија проценува дека нејзината економија ќе порасне меѓу седум и 7,5 проценти во фискалната година која започнува на 1 април.

Тоа повторно би ја направило најбрзорастечка економија во светот.

Оваа проекција е изнесена во годишниот Економски преглед кој министерот за финансии Арун Џејтли го предаде на парламентот. Прегледот е всушност извештај за економијата пред годишниот буџет кој ќе биде објавен на 1. февруари.

Индиската влада соопшти дека растот на извозот и инвестициите ќе ја забрзаат економијата по драстичниот пад во првата половина од моменталната фискална година.

Како причина за забавувањето е наведена ненадејната демонетизација со замена на 86 проценти од банкнотите рупии во 2016 година и хаотичната примена на единствениот данок на добра и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП