8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon го проширува својот бизнис во САД со инвестиција од 50 милијарди...

Exxon го проширува својот бизнис во САД со инвестиција од 50 милијарди долари

„Exxon Mobil“ планира да инвестира 50 милијарди долари во проширување на својот бизнис во САД во текот на следните пет години. Според компанијата, ова е можно благодарение на новата даночна легислатива во земјата.

Главниот извршен директор на енергетскиот гигант со седиште во Тексас, Дарен Вудс ги објави намерите на компанијата на својот блог, додавајќи дека „Exxon“ продолжува со истражувањата на ефектот од даночните реформи на своите активности. „Активно го оценуваме влијанието на пониските даночни стапки врз економската состојба на неколку други наши проекти, кои во моментов се во фазата на планирање, за проширување на нашите капацитети по крајбрежјето на Мексиканскиот Залив“, рече тој. „Од вкупниот обем на инвестицијата, 15 милијарди долари се обезбедени за крајбрежниот регион“, изјави портпаролот Скот Силвестри.

Може да поминат години пред да стане луциден целосниот ефект од новите даночни закони на стратешкото планирање на „Exxon“, но Вудс потенцираше дека компанијата гледа на него исклучително позитивно. „Добро е да се види стабилната политика која ги поставува темелите за идниот економски успех на Америка“, рече извршниот директор.

Меѓу местата каде што компанијата има намера да инвестира милијарди долари и да го стимулира своето производство, ќе бидат источен Тексас и Ново Мексико. Ова е во согласност со неодамнешните планови на „Exxon“ за зголемување на трошењето во регионот.

Во 2017-та година енергетскиот гигант потроши речиси 6 милијарди долари за големата експанзија на бизнис таму, ветувајќи исто на тројно производството во северноамериканскиот Пермски базен и Северна Дакота до 2025-та година.

Компанијата е позната по прецизното планирање на своите нафтени и гасни проекти низ светот, правејќи проценки години пред да ја донесе конечната одлука за нивно спроведување.

Минатата година „Exxon“ изјави дека ќе потроши помеѓу 23 и 27 милијарди долари во светски рамки за периодот 2018-2020-та година. Според последниот план на компанијата само во САД инвестициите за годинава ќе изнесуваат 10 милијарди долари во рамките на петгодишниот долгорочен план. Ова е значително зголемување во споредба со 2016-та и 2017-та година, кога „Exxon“ потроши околу 6 милијарди долари за инвестирање во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП