8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell ја разгледува опцијата за излегување на берзата

Dell ја разгледува опцијата за излегување на берзата

Американскиот проиводител нa компјутери „Dell“ ги разгледува опциите за понатамошен раст, што вклучува преземање на други компании или излегување на берзата, открива Ројтерс.

Компанијата веќе има листа со можни аквизиции, чие купување би го зголемило паричниот тек и понудата на производи, истакнуваат изворите. Имено, „Dell“ е под притисок, бидејќи 67 милијарди долари вредното преземање на компанијата EMC пред две години не ги донесе очекуваните заштеди во работењето.

Што се однесува на плановите со берзата, во „Dell“ размислуваат за инкорпорација на акциите на својата компанија-ќерка „Pivotal Software“. Одборот на директори ќе се состане на крајот на месецот за да донесе одлука за овие предлози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП