28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ подготвена да одговори на „трговската војна“ со САД

ЕУ подготвена да одговори на „трговската војна“ со САД

Европската унија е подготвена да „реагира брзо и на соодветен начин“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе нефер трговски мерки против Унијата.

Во интервјуто објавено овој викенд, Трамп изрази незадоволсто од трговската политика на ЕУ, наведувајќи дека САД не можат доволно да извезуваат во земјите на Унијата. Тој ја обвини ЕУ за нефер постапување и дека неговите проблеми со ЕУ би можеле да се „претворат во нешто многу големо“ од гледиште на трговијата.

Портпаролот на ЕУ, Маргаритис Скинјас му возврати денес на Трамп дека „иако трговијата мора да биде отворена и фер, таа исто така мора да биде заснована и на правила“.

„ЕУ е подготвена да реагира брзо и на соодветен начин доколку нашиот извоз биде погоден со било каква рестриктивна трговска мерка од страна на САД“, изјави Скинјас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП