10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради изведување на градежни работи изменет режимот на сообраќај на патот Билјанини...

Поради изведување на градежни работи изменет режимот на сообраќај на патот Билјанини извори – Коњско

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на некои повисоки места, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму соопштуваат дека денеска (30-ти јануари) на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – Населба Коњско има измена на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. Притоа, проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП