Американската технолошка компанија „Apple“ ги известила своите поддоставчувачи дека ќе ја преполови својата цел за производство на „iPhone“ за првото тримесечје до околу 20 милиони примероци, пишува јапонскиот весник „Nikkei“, повикувајќи се на свој извор.
Намалувањето на производството е поврзано со послабата од очекуваната продажба за време на божиќната сезона во Европа, САД и Кина, додава весникот, цитиран од „Ројтерс“.
Во написот се наведува дека „Apple“ ќе произведе 30 милиони единици од поевтините модели како „iPhone 8“, „iPhone 8 Plus“ и „iPhone 7“.
„Apple Japan“ го одби барањето за коментар од страна на „Nikkei“, велејќи дека треба да ги потврди деталите со седиштето.
„Ројтерс“ не успеа да го контактира седиштето на „Apple“ во САД за коментар надвор од нормалното работно време.
Како резултат на вестите, акциите на компанијата отишле на црвена територија пред почетокот на денешното берзанско тргување во САД. Акцијата ја намали вредноста за 0,5%.
Ве потсетуваме дека „iPhone X“ беше претставен во септември, но беше пуштен во продажба во ноември 2017-та година и неговата пазарна цена беше 999 долари.