Надградената листа со санкционирани од САД компании и физички лица е обид за мешање во претседателските избори закажани за март. Ова е ставот на Кремљ за случајот, цитиран од „Ројтерс“.
Очекувањата се подоцна денеска Вашингтон да објави извештај кој може да доведе до нови санкции против руски олигарси. Портпаролот на претседателската институција во Русија, Дмитриј Песков коментира дека во Москва на овој очекуван извештај го гледаат како обид за мешање во изборниот процес.
„Не се согласуваме со тоа и сметаме дека нема да има влијание“, дополни Песков пред новинарите.
Според него објавувањето на оваа листа не значи ништо, само започна нов бран на санкции и во Москва ќе анализираат што следува.
Во петокот Министерството за финансии на САД соопшти за вклучување на нови компании, меѓу кои и „Силовые машини“, во санкционирана во врска со неисполнувањето на договорите на Минск кон физички и правни лица.